Витор Роке: Судијата ми рече дека овде не е како во Бразил

Бразилскиот напаѓач Витор Роке, доби два жолти картони на гостувањето на Барселона кај Алавес, па поради исклучувањето нема да игра викендов, а откри дека судијата Мартинес Мунуера му порачал: „Овде не е како во Бразил“.

„Мислам дека жолтиот картон беше неправеден, барем вториот. Тоа беше одлука на судиите. Дефанзивецот дојде кон мене со ногата напред и кога го видов се обидов да ја свртам ногата. за да не се судрам со него и да не се повредам. Но, тој почна да вика и судијата ми го покажува жолтиот картон. Судијата ми рече ‘овде не е како во Бразил‘. Ја испочитував одлуката и го напуштив теренот“, изјави 18-годишниот Роке.

Барселона ја обжали одлуката на судијата и до Комитетот за натпреварување и до Комитетот за жалби, но барањата беа одбиени и Роке нема да игра против Гранада в недела вечер.

 

- Оглас -

Најнови вести