Адријан Артеан беше исклучен во петтата минута на дуелот меѓу Виторул и Универзитатеа Крајова по бруталниот старт, со кој можеше да му го загрози животот на противничкиот играч Александру Чикалдау.
Артеан стартуваше несмасно и од зад грб го погоди во главата гостинскиот фудбалер, кој загуби свест. Експресно реагираа играчите на теренот и му помогнаа на Чикалдау да дојде до здив. Потоа, со помош на медицинскиот тим Александре успеа да стане на нозе, но беше заменет.
Артеан доби директен црвен картон и Виторул игра со фудбалер помалку во дербито на третото коло во романската Прва лига.