Визардс немаат магија за Индијана

Атланта хоукс – Феникс санс (01:00 часот)

И двете екипи се релаксирани, немаат шанси за настап во плејофот, а кога се расположени за кошарка знаат да одиграат супер ефикасни мечеви.

Атланта има нешто повеќе победи од Феникс и е во подобра форма, игра на свој терен и е поблиску до победа. Кај гостите многу недостасува Ти-Џеј Ворен, стартното крило во тимот. Феникс се обиде со трампи да ги размрда редовите, а во песрпектива може да се надева на подобри игри и резултати.

Предлог тип: 1&>233.5 (3.20)

 

Вашингтон визардс – Индијана пејсерс (01:00 часот)

Вашингтон тешко ќе стаса до плејофот, многу им недостасува еден од најдобрите плејмејкери во Лигата, Џон Вол и резултатите им се скромни. Имаат 24 победи и дури 35 порази, па пробивот меѓу октетот најдобри на Истокот од НБА би бил рамен на чудо. Имаат три порази по ред, а им доаѓа Индијана, екипа која бие битка и за првото место во Конференцијата.

Кај гостите ќе го нема Мајкл Тарнер, а од пооддамна не игра и првиот кошгетер Виктор Оладипо, но сепак гостите се фаворити.

Предлог тип: 2 (1.95)

 

Мајами хит – Детроит пистонс (01:30 часот)

Се очекува голема битка за секој кош, бидејќи ова се двете екипи кои се борат за позиции од шесттата до осмата за настап- во плејофот. Детроит има една победа повеќе од Мајами, па тоа е добра најава за тврд меч со помалку кошеви. Во сезона во која речиси и да нема одбрани во НБА, тука ќе типуваме минус поени.

Предлог тип: < 209.5 поени (1.85)

 

Голден стејт вориорс – Хјустон рокитс (02:30 часот)

Трета реприза од минатогодишното конференциско финале, актуелниот шампион се надева на „трета среќа“ и конечно победа против „ракетите“. Вориорс се мачи во последните неколку средби. Победите ги издвојуваат со потешкотии, додека Портланд пред два меча им плесна силен шамар.

Тоа треба да се искористи како аларм за будење, па во дербито со Хјустон да покажат зошто доминираат во НБА лигата. Харден не престанува да го надополнува својот рекорд со 30+ поени, но неговиот учинок не е гаранција за позитивни резултати.

Предлог тип: Т1 & T2 >111.5 (1.85)

 

Њу Орлеанс пеликанс – Лос Анџелес лејкерс (01:00 часот)

Победата над Хјустон и одличната партија на Леброн Џејмс ја врати самодовербата во таборот на „езерџиите“, па на ред се да паднат и пеликаните од Њу Орлеанс. Лејкерси ќе се соочат со нивната најголема желба, Ентони Дејвис, кој во изминатиов период притискаше за трејд во Калифорнија, но истиот не се оствари.

При првата пресметка во „Стејплс центарот“, кошаркарите во златно-виолетови дресови славеа со 122:104, но на тло на Пеликанс немаат остварено позитивен резултат веќе три години.

Предлог тип: Т2<117.5 (1.83)

 

 

- Оглас -

Најнови вести