Министерот за имиграција, Алекс Хок, ја укина визата на Новак Ѓоковиќ повикувајќи се на дискреционото право.
Сепак, адвокатскиот тим на Новак упати жалба и ќе има ново сослушување, и тоа можно е кај истиот судија, Ентони Кели.
Еден од адвокатите на Ноле, Николас Вуд, истакна дека ваквата одлука на министерот е ирационална и дека таа е донесена поради антиваксерите.
„Министерот има ирационален страв, односно се плаши дека ако му ја остави визата на Новак, ќе ги стави антиаксерите во добра положба, односно дека тој дел од популацијата ќе се возбуди“, изјави Вуд.
Треба дополнително да се пронајде термин за да започне новата правна борба, а од тимот на Новак се надеваат дека до недела ќе се пронајде место за да се реши сето ова и доколку се донесе нова пресуда во негова корист, тој ќе може да настапи во првото коло на Отвореното првенство на Австралија.