Натпреварите од Лига Европа се во фокусот за денеска, па и Квотите на денот во Sport Life се посветени на пет дуели од ова натпреварување. Вкупниот коефициент ако се одиграат сите пет меча на еден тикет е 70,5. Сите пет квоти се 2.00 или поголеми.
Како за почеток, се предлага да одиграте дека Рома која е фаворит на гоствањето кај Лудогорец, ќе даде барем два гола, од кои најмалку еден во првото полувреме. За Т2 1+I&Т2 2+, коефициентот е 2.15. Рома беше разбиена против Удинезе во првенството, мечот во Разград им е шанса да се извадат.
Арсенал игра добро и ефикасно, па може да се обидете со играта дека на гостувањето кај Цирих, Топчиите ќе победат, и притоа ќе водат и по првото полувреме, а на средбата ќе паднат вкупно 2-6 гола. Квотата за оваа комбинација е 2.25.
Ако верувате дека Црвена ѕвезда во Белград нема да загуби од Монако, а дека и двата тима ќе дадат гол, тогаш треба да уплатите во Sport Life, коефициентот за оваа игра е 2.65.
Најголемата од петте предложени квоти на денот е онаа од 2.75, која ја добивате за 1&2-4 на мечот Манчестер јунајтед – Реал Сосиедад. Делува реално остварливо.
Како за крај, заокружувате со квота 2.00 дека на средбата Лацио – Феенорд во двете полувремиња ќе има од еден до три гола.