Лигата на шампионите е натпреварување кое се формираше во 1992 година, а е наследник на славниот Куп на европски шампиони. Натпреварувањето кое го има епитетот на најелитно во Европа веќе речиси 30 години нуди големи возбудувања. Вечерва ќе се комплетираат мечевите од петтото коло во групната фаза, а како најава на возбудувањата од 21 часот ви ги презентираме 11-те необични рекорди кои тешко дека некој во скоро време ќе успее да ги надмине.
ИГРАЧ СО НАЈМНОГУ ГОЛОВИ НА ЕДЕН МЕЧ
Лионел Меси на дуелот од осминафиналето против Баер Леверкузен даде неверојатни пет гола. Барселона победи со 7:1, а никој досега не го достигна рекордот на Меси од 2012 година.
ГОЛМАН СО НАЈМНОГУ ПОГОДОЦИ
Некогашниот голман Ханс-Јорг Бут вкупно трипати се радувал на гол во Лигата на шампионите. Интересно е што Бут сите три гола ги даде против Јувентус, и тоа како голман на Хамбургер, Баер Леверкузен и Баерн Минхен. Сите три погодоци беа од пенал.
НАЈБРЗ ХЕТ-ТРИК
Бафетимби Гомес успеа само за седум минути да постигне хет-трик во дресот на Олимпик Лион на гостувањето кај Динамо во Загреб. Францускиот тим славеше убедливо со 7:1 на „Максимир“, а Гомис даде вкупно четири гола. Хет-трикот успеа да го комплетира од 45-тата до 52-рата минута.
НАЈУБЕДЛИВАТА ПОБЕДА
Хелсинки во второто претколо од ЛШ во 2011 година со 10:0 го победи Бангор сити. Финскиот тим по двомечот славеше со вкупно 13:0.
НАЈМНОГУ ГОЛОВИ НА ЕДЕН МЕЧ
Борусија Дортмунд во групната фаза во 2016 година на домашен терен во голеадата со 8:4 ја победи Легија Варшава. Никогаш повеќе немало 12 голови на еден меч од ЛШ.
НАЈСТАР ИГРАЧ
Голманот на Лацио беше на голот со 43 години и 253 дена кога настапи на дуелот против Реал Мадрид во групната фаза во 2007 година. Реал славеше со 3:1 на тој натпревар.
ИГРАЧ СО НАЈМНОГУ ГОЛОВИ ВО ЕДНА СЕЗОНА
Кристијано Роналдо во сезоната 2013/14 постигна дури 17 голови. Одличната сезона на Роналдо беше крунисана со титула на Реал Мадрид. Во финалето, Реал со 4:1 го победи Атлетико, и тоа дури по продолжение од 30 минути.
МЕЧ СО НАЈМНОГУ ГЛЕДАЧИ
Барселона во сезоната 2004/05 на „Камп ноу“ играше против Пари Сен Жермен, а на трибините имаше дури 115.000 гледачи. Стадионот подоцна беше реконструиран и беше намален бројот на гледачи, па таа бројка засега остана рекордна во ЛШ.
ДЕФАНЗИВЕЦ СО НАЈМНОГУ ГОЛОВИ
Лавин Курзава во победата на ПСЖ против Андерлехт во 2017 година даде три гола и со тоа стана прв и засега единствен дефанзивец што постигнал три гола на еден натпревар. ПСЖ победи со 5:0.
НАЈМЛАД ИГРАЧ КОЈ ПОСТИГНАЛ ХЕТ-ТРИК
Раул во победата на Реал против Ференцварош во 1995 година постигна три гола, а имаше само 18 голови и 114 дена. Досега само петмина тинејџери успеале да дадат хет-трик во ЛШ, а ниту еден не бил помлад од Раул.