10.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Владан Милојевиќ ќе биде нов селектор на Србија?

На селекторската клупа на Србија, според ексклузивни информации на „Спортски журнал“, ќе седне актуелниот тренер на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ.

Оваа одлука доаѓа само еден ден по оставката на Драган Стојковиќ – Пикси, кој се повлече по поразот (0-1) од Албанија во Лесковац. Со овој резултат Србија практично ги загуби шансите за пласман во баражот за Светското првенство 2026, што го отвори прашањето за негов наследник.

Иако меѓу кандидатите се спомнуваше Вељко Пауновиќ, „Спортски Журнал“ открива дека изборот паднал на Владан Милојевиќ, кој треба да биде официјално именуван на седницата на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија закажана за 17 октомври.

Интересно е што Милојевиќ ќе ја комбинира новата улога со сегашната, до зимската пауза ќе продолжи да ја води Црвена ѕвезда во Суперлигата и во Лигата на Европа, по што клубот ќе добие нов тренер.

Неговиот дебитантски натпревар како селектор ќе биде големиот дуел со Англија на „Вембли“, на 13 ноември, а три дена подоцна Србија ќе ја заврши квалификациската кампања со меч против Летонија во Лесковац.

- Оглас -

Најнови вести