Владата даде зелено светло, ќе има ваучери за македонскиот спорт во 2024 година

Владата на Република Македонија на денешната седница го разгледа и го утврди текстот на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за спорт, кој беше предложен од Министерството за правда, а е поврзан со ваучер-системот.

„Предлог-измените на Законот за спорт се однесуваат на обезбедување финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти коишто имаат решение за вршење дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати, како во домашни рамки така и на меѓународно ниво“, стои во соопштението на Владата.

Следен чекор е предлог-законот да влезе во собраниска процедура и да биде изгласан за да може да стапи на сила, со што спортистите и спортските клубови ќе добијат финансиска помош за 2024 година.

 

- Оглас -

Најнови вести