Владата на Република Македонија и официјално ги додели Националните спортски признанија на 22-цата заслужни спортисти кои ги исполнија законските услови, односно оние кои имаат освоено европска или светска титула.
Добитници на признанијата се од три спорта: фудбал, кошарка и ракомет, а токму ракометар(к)ите се и најбројни.
– Фудбал: Горан Пандев, Дарко Панчев и Илија Најдоски,
– Кошарка: Петар Наумоски и Перо Антиќ, и
– Ракомет: Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска, Клара Боева.
Сите од нив имаат освоено европски клупски титули, а Горан Пандев со Интер, но и Дарко Панчев и Илија Најдоски со Црвена ѕвезда, беа и светски шампиони.