Владата издвои 30 милиони денари за реновирање на салата во Градски парк

Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи да издвои 30 милиони денари за реновирање на салата во Градски парк.

Легендарната сала постои повеќе од 50 години, но одамна не е кошаркарски храм и не се играат натпревари од најсилната македонска лига токму поради лошата состојба.

Пред нешто повеќе од еден месец, дуелот меѓу Работнички 2018 и Маџари од втората кошаркарска лига, не го дочека крајот бидејќи теренот беше поплавен како последица од протекувањето на покривот на салата во Градски парк.

Сега Владата одлучи да изврши прераспределба на средствата од Буџетот за 2023 година, и наложи на Агенцијата за млади и спорт да ги префрли средствата на посебна сметка на општина Центар кои ќе бидат наменети исклучиво за реконструкција на салата.

- Оглас -

Најнови вести