14.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

Владата на Австралија подготвува суров план против Ѓоковиќ

Австралиските власти константно ја одложуваат одлуката на министерот на имиграција, Алекс Хок.

Иако беше најавено дека денеска ќе биде донесена одлуката за одземање на визата на Новак, сепак такво нешто немаше, а во Австралија веќе на големо се гзборува дека Владата спрема тежок удар за Ѓоковиќ.

Тие максимално ќе ја одолговлекуваат одлуката за тоа дали ќе му биде одземена визата на српскиот тенисер бидејќи веќе таа ја имаат донесено и е против него.

Односно дека Новак нема да настапи на Отвореното првенство на Австралија, а одлуката ќе биде донесена во последен миг пред стартот на првиот гренслем сè со цел тој да нема време за да испрати жалба до судот.

Сето ова би претставувало нов голем удар за светскиот рекет број еден кој се соочува со голем број проблеми по доаѓањето во Австралија.

- Оглас -

Најнови вести