Владата на Саудиска Арабија мораше да реагира за Бензема да се врати на тренинзи

По речиси еден месец отсуство, Карим Бензема повторно се појави на тренинг во тимот на Ал-Итихад. Францускиот голгетер дојде во Саудиска Арабија на почетокот на сезоната, но за брзо време влезе во конфликт кој ескалира и Бензема реши да си замине од земјата.

Бензема ги пропушти мини-подготовките и турнејата на тимот, а тренерот Марсело Гаљардо не попушаташе и воопшто не сакаше да го види Бензема на тренинзите. Сепак, во целата ситуација се вмешаа и дел од челниците на Владата во Саудиска Арабија и тие одлучија дека е добро за имиџот на првенството Бензема да остане дел од нивната лига.

- Оглас -

Најнови вести