Новиот италијански првак ќе му биде домаќин на Интер, кој пред неколку дена обезбеди место во финалето од Лигата на шампионите во најатрактивниот меч од 31-вото коло на Спортска прогноза. Повеќе од 1.000 прогнозери досега ги дадоа своите фиксови и мислењата за ова дерби се поделени.
Победа на Наполи очекуваат 36 отсто од прогнозерите, за нерешено исто така се 36 отсто, а триумф на Интер очекуваат 28 отсто. Освен ова дерби, во понудата се уште 12 натпревари, а на повеќето веќе се издвоени фаворитите. Дури на седум средби, на еден од двата тима му се дава над 70 отсто шанси за победа.
Како и во секое коло така и сега, главната цел е погодување на Среќна 13-ка, односно точно прогнозирање на сите 13 натпревари. Прогнозерот кој ќе успее тоа да го направи, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X).
Подароци има и за оние со 12 и 11 погодоци. За еден промашен фикс, подарокот е ваучер во Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека за две промашени средби, ваучерот од Sport Life е 500 денари.