Владетелот на колена пред првиот светски рекет – Ѓоковиќ против Циципас ќе се бори за пехарот на Ролан Гарос(видео)

Новак Ѓоковиќ ја доби епската битка против Рафаел Надал во второто полуфинале на Ролан Гарос со 3-6, 6-3, 7-6 6-2, по што првиот светски рекет потврди дека ќе има нов владетел со Отвореното првенство во Франција. Бранителот на пехарот кој воедно е апсолутен рекордер со 13 гренслем титули во Париз, не можеше да ја поврати формата од првиот сет кој го освои, па му дозволи на Ѓоковиќ на сигурен начин да закаже финална пресметка против Стефанос Циципас.

https://twitter.com/rolandgarros/status/1403438920847835137

Надал тргна фуриозно на стартот и поведе со 5-0 во гемови по двата брејка, додека Ѓоковиќ неколку пати му одложи прослава на Шпанецот со шест спасени сет-топки, но издржа само до деветтиот гем. Со идентичен одговор и два одземени сервиси Новак израмни на 1-1, додека за прво водство мораше да се помачи и дури во тајбрејкот кој го доби со 7-4 дојде до предност 2-1 во сетови.

https://twitter.com/rolandgarros/status/1403461657955909633

Иако Надал најави дека ќе успее да израмни и да го продолжи маратонот, направи брејк на почетокот од четвртиот сет, но потоа ги загуби трите наредни гемови на свој сервис, отворајќи му го патот на Ѓоковиќ до големото финале.

Финалето меѓу Ѓоковиќ и Циципас е закажано за в недела во 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести