Владетелот на Ролан Гарос си доби статуа во Париз (фото)

Рафаел Надал во негова чест доби статуа на Ролан Гарос поради што е апсолутен рекордер на Отвореното првество во Франција со недостижни 13 освоени титули.

Скулптурата е поставена пред тенискиот центар на Ролан Гарос, а шпанскиот тенисер вчера присуствуваше на промоцијата на ова уметничко дело кое е во негова чест ќе го краси гренслем турнирот кој треба да почне со натпреварување од 30 мај.

Надал ја брани титулата, откако ја освои во ланското издание на доминатен начин со победа од 3-0 во големото финале над првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести