Владимир Кличко пак ќе боксува, сака да го урне рекордот на Фореман

Владимир Кличко најавува кам-бек во рингот и сака пак да боксува, а целта му е да го урне рекордот на Џорџ Фореман како највозрасен активен боксер што се борел за титулата.

Фореман на возраст од 45 години, 9 месеци и 25 дена го победи Мајкл Мурер и стана светски првак во ИБФ и ВБФ верзиите.

Кличко кој е поранешен светски првак во тешка категорија веќе има 46 години, а официјално се прости од боксот во 2017 година со биланс 64 победи на 69 меча.

Во залезот на кариерата имаше два незгодни порази од Ентони Џошуа и од Тајсон Фјури, кој боксуваше завчера и со победа се прости од боксот.

Сега Кличко сака да се врати и на 46-годишна возраст да биде највозрасниот боксер што боксувал за титула во било која везрија во тешка категорија.

- Оглас -

Најнови вести