Некогашниот светски боксерски првак Владимир Кличко се огласи преку социјалните мрежи и побара светот да реагира и да ја сопре руската агресија врз Украина.
„Се обраќам на целиот свет, да ја сопрат оваа војна која ја започна Русија. Денеска цивили беа гаѓани со ракети. Во специјални операции, гинат цивили. Тоа се случува во срцето на Европа. Нема време за чекање, затоа што ќе се случи хуманитарна катастрофа. Морате веднаш да дејствувате и веднаш да ја сопрете руската агресија. Треба да се делува сега, веднаш, за саат време, затоа што утре може да биде касно. Ве молам сега веднаш да тргнете во акција. Немојте да чекате, делувајте веднаш. Сопрете ја оваа војна“, порача Владимир кој е брат на градоначалникот на Киев, Витали Кличко. Токму Витали вчера порача дека е дел од воените единици на Украина и дека со сите сили ќе го брани својот град и држава.
#StayWithUkraine #Ukraine #StayTogether #StandTogether #Demo4Democracy #United #StopRussia #StopTheWar pic.twitter.com/lF7ylif1Nz
— Klitschko (@Klitschko) February 26, 2022