Аргентина и Уругвај беа сигурни дека ќе бидат домаќини на фудбалското Светско првенство во 2030 година, на 100-годишнината од првиот Мундијал кој се одржа во Уругвај, но се појави една друга многу силна кандидатура, на Шпанија и Португалија. Шпанската влада даде силна поддршка и веруваат дека ќе успеат.
На Аргентинците и Уригвајците во проектот им се приклучија Парагвај и Чиле, но неизвесно ќе биде до крај да се одреди дали после СП во Катар 2022 и САД, Мексико и Канада во 2026 година, во 2030 година првенството да биде во југозападниот дел на Европа, или Јужна Америка.
Претседателите на шпанската и португалската фудбалска федерација во октомври ја ратификуваа кандидатурата. Шпанија во 1982 година беше домаќин на СП, а Португалија никогаш не била домаќин на ваков врвен настан, но има искуство од организација на ЕП 2004 година.
Министерот за култура и спорт на Шпанија, изрази апсолутна поддршка и верува во шансите дека ќе бидат избрани. Но, Уругвај и Аргентина заедно со Парагвај и Чиле, си имаат свои пресметки.