Влаховиќ е чудо, на дебито во ЛШ даде гол само за 32 секунди! (Видео)

Душан Влаховиќ, новото засилување на Јувентус, има деби како од соништата во Лигата на шампионите. Српскиот репрезентативец првпат игра во елитната лига на УЕФА и само по 32 секунди успеа да постигне гол.

Влаховиќ даде гол на гостување кај Вилјареал и ја доведе Старата дама во водство од 1:0. Напаѓачот пристигна во Јувентус во зимскиот преоден рок од тимот на Фиорентина, и тоа за сума од 75 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести