Доаѓањето на Душан Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус е најголемиот и најскапиот трансфер за завршениот јануарски преоден рок.
Србинот го чинеше Јуве повеќе од 80 милиони евра, вклучувајќи ги и трошоците кон агентите, а сега Влаховиќ се надева дека ќе продолжи со ист голгетерски ритам, исто како и во Фиорентина.
„Секако дека сум среќен бидејќи дојдов во фантастичен клуб со голема историја и благодарност до раководството на овој тим кои ме посакуваа во своите редови.
Мојата цел е што побрзо да се спријателам со фудблаерите, како и да се вклопам во тактичките барања на тренерот, а иако имав голем број на понуди надвор од Италија, изборот беше лесен.
Јувентус има победничка ДНК исто како и јас и нема откажувања туку секогаш одиме на победа, дури и кога времињата не се најдобри“, изјави Влаховиќ на презентацијата.
За српскиот фудбалер интерес имаше и од Арсенал и Тотенхем, но и од Атлетико Мадрид, кој бара замена за Луис Суарес.