Влаховиќ е спасителот на Србија, која се „искачи“ на врвот од групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија со 1:0 го победи Луксембург и со тоа се искачи на врвот во групата „А“ за квалификациите за Светското првенство во Катар.

Стрелец на единствениот гол за нашиот северен сосед беше младиот Душан Влаховиќ во 68. минута.

Со овие три, Србите дојдоа до бројката од 14 бода во оваа група и сега имаат еден повеќе од второпласираната Португалија, која има и натпревар помалку.

И на останатите натпревари, фаворитите немаа никакви проблеми. Англија постигна пет гола во мрежата на Андора, а стрелци беа Чилвел (17′), Сака (40′), Абрахам (59′), Вард Проуз (79′) и Грилиш во 86. минута.

Со ист резултат Полска го победи Сан Марино, а интересно е што Роберт Левандовски, кој играше 66 минути, не постигна гол.

Албанија славеше во многу важен меч против Унгарија на гостински терен, благодарение на голот на Броја во 80. минута.

Со тоа, нашиот сосед дојде до бројката од 15 бодови и е на второто место во групата „И“, позади Англија која има 19.

- Оглас -

Најнови вести