Душан Влаховиќ не е заинтересиран за трансфер во Фенербахче, објавија италијанските медиуми.
Српскиот напаѓач кој игра за Јувентус ги одбил Турците кои му нуделе иста плата како во Јуве да им се придружи следната сезона, а ги одбил и Саудијците, кои му нуделе многу пари, со објаснување дека сака да настапува во Премиер лигата и чека понуди од таму.
За Влаховиќ парите биле важни, но не и единствен услов за да прифати некоја понуда.
Фенербахче сака да се засили за да му одговори на Галатасарај, кој има напаѓачко трио Мората-Осимен-Икарди, па бара ѕвезда во шпицот како надополнување на Џеко, кому му истекува договорот во јуни и можеби и ќе си замине.