Влаховиќ ја договори платата со ПСЖ, се чека само Јувентус да каже Да

Српскиот репрезентативец ги договори личните услови со ПСЖ и од преселба на „Паркот на принцевите“ го дели само Јувентус да каже Да, пишува „Футмеркато“.

Според медиумот, Влаховиќ се договорил да потпише петгодишен договор со ПСЖ кој ќе му носи годишно по 11 милиони плус бонуси кои можат да достигнат девет милиони евра во зависност од освоените трофеи и личниот учинок како напаѓач.

https://twitter.com/Philipmelo126/status/1680548050475917312?s=20

За да се комплетира трансферот потребно ПСЖ и Јувентус да се договорат за отштетата. Преговорите се веќе започнати и медиумите очекуваат во текот на наредната недела и официјално Влаховиќ да биде нов напаѓач на ПСЖ.

Влаховиќ во Јувентус пристигна во јануари 2022 година од Фиорентина во трансфер вреден 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести