10.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Влаховиќ ќе ја крене Италија на нозе ако направи трансфер од Јуве во Милан

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел наскоро да го напушти Јувентус, а како негов иден потенцијален клуб се споменува Милан. Ова во Италија, секако, веќе е претставено како големо „предавство“, со оглед дека првичните разговори се веќе започнати.

Милан веќе започнал преговори со Јувентус за можен трансфер на 24-годишниот напаѓач. Иако официјална понуда сè уште не е доставена, се очекува тоа да се случи до крајот на јануарскиот преоден рок или најдоцна во текот на летото.

Влаховиќ, кој има важечки договор со Јувентус до 2026 година, би сакал да остане во Серија А, а Милан се истакнува како реална опција.


Во рамки на првичните разговори меѓу двата клуба, се појави и можноста Јувентус да покаже интерес за дефанзивецот на Милан, Фикајо Томори, што би можело да влијае на условите за евентуалниот трансфер.

- Оглас -

Најнови вести