40.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Влаховиќ ќе му се придружи на Модриќ во Милан?

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можело да премине од Јувентус во Милан. Двата клуба веќе воспоставиле контакт, а според проценките на италијанските медиуми, Старата дама ќе бара отштета меѓу 18 и 20 милиони евра.


Српскиот репрезентативец е голема желба на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој веќе соработуваше со него додека беше на чело на Јувентус.

Исто така, Влаховиќ, кој веќе одбил неколку примамливи понуди, со задоволство би се преселил на „Сан Сиро“. Неговиот договор со Јувентус истекува во јуни следната година, а во последната сезона би требало да биде најплатениот фудбалер на клубот од Торино, со годишна плата од 12 милиони евра.

Јувентус пред три и пол години ѝ плати 83 милиони евра на Фиорентина за Влаховиќ, но во јануари оваа година, со доаѓањето на Рандал Коло Муани на шестмесечна позајмица, српскиот напаѓач падна во втор план. Сепак, Влаховиќ имаше солидна сезона, постигна 15 гола и додаде пет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести