Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, кој остана на клупата 90 минути на натпреварот против Реал Мадрид, ги разбесни навивачите на Јувентус.
Напаѓачот на Јувентус го лајкна коментарот на Џуд Белингам, во кој се славеше победата на Реал Мадрид над Јуве во осминафиналето на Светското клупско првенство.
Играчот од средниот ред на Кралскиот клуб имаше објава на својот профил на социјалните мрежи, коментирајќи го успехот во натпреварот со Бјанконерите.
„Следна станица е четвртфиналето. Голема победа“, напиша Белингам.
Меѓу многуте лајкови, се појави и еден од Влаховиќ кој е незадоволен од статусот во Јуве и со оваа постапка веројатно сака да го забрза своето заминување.