10.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Влаховиќ налето ќе го напушти Јувентус

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната откако одби да го продолжи договорот со клубот. По три години минати во дресот на Старата дама, Влаховиќ е подготвен за нов предизвик, пишува италијанскиот весник „Газета дело спорт“.

Најблиску до неговиот потпис се два англиски гиганти, Арсенал и Челзи, кои покажуваат сериозен интерес за услугите на напаѓачот. Иако Влаховиќ добил примамлива понуда и од Ал-Наср за преселба во Саудиска Арабија, таа веднаш била одбиена. Имаше и шпекулации за можен трансфер во Милан, но реалноста е дека Премиер лигата се чини како најверојатна дестинација за српскиот голгетер.

Јувентус го донесе Влаховиќ од редовите на Фиорентина за 83 милиони евра, трансфер кој предизвика огромен гнев кај навивачите на Фиорентина. Во дресот на Јувентус досега одигра 127 натпревари и постигна 53 гола, но сега е подготвен да го напушти Торино и да ја продолжи својата кариера на друго место.

- Оглас -

Најнови вести