Влаховиќ направи хаос по ремито на Јувентус: Влезе во конфликт со навивачите, а соиграчите го смируваа (Видео)

Јувентус направи уште еден кикс откако на свој терен во Торино одигра само 2:2 против Венеција, екипата која е на последното место на табелата во Серија А. Италијанскиот гигант на крајот дури треба да биде и среќен со освоениот бод, затоа што Душан Влаховиќ погоди од пенал во 94 минтуа за израмнување на 2:2.

По завршување на мечот, домашните навивачи беа незадоволни од резултатот и со свирежи и карање ги „поздравија“ фудбалерите кои дојдоа пред трибината. Во еден момент, Влаховиќ бурно реагираше на сите тие свирежи и влезе во конфликт со фановите на Јувентус.

Влаховиќ веќе подолг период е во затегнати односи со навивачите на Јувентус и воопшто не сака да остане инфериорен кога слуша навреди на негова сметка, па затоа им враќа со иста мерка.

По 16 меча во Серија А, Јувентус сега има дури 10 нерешени средби и моментално е на шестото место со 28 бодови, дури девет помалку од лидерот Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести