Влаховиќ не ги заборава пријателите од детството, ги почестил со викенд од соништата

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, минатиот викенд ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Србија во квалификациите за пласман на ЕП 2024 поради повреда, а паузата за ја искористи да се дружи со пријателите од детството на кои им приреди изненадување.

Влаховиќ своите пријатели од детството како и сестра му, ги почести со викенд-патување во Мадрид за што потроши 80.000 евра.

„Влаховиќ минатата недела одлучи да изненади дури 15 пријатели од деството. Сите нив ги однесе во Мадрид, а друштво му правеше и сестра му. За таа цел, Душан изнајми приватен авион за чиј лет во еден правец чини 15.000 евра, а во Мадрид отсетднаа во еден од најпознатите хотели „Фоур сизонс“ каде ноќевање по лице чини 1.000 евра“, откри за српските медиуми, извор близок на фудбалерот.

- Оглас -

Најнови вести