Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, во интервју за телевизијата Беин спортс и за „Калчомеркато“ изјави дека не сака да си оди од Старата дама.
„Го сакам овој град. Одлично се чувствувам во Јувентус, клубот ги надмина моите очекувања“, изјави Влаховиќ.
Српскиот репрезентативец во последно игра во одлична форма, постигна пет гола на последните четири меча, по што стигнаа критиките за неговата игра, а со тоа и шпекулациите за неговата иднина и можното заминување од Јувентус.
„Што се однесува до мене, не сакам да си одам. Но, не зависи сè од мене“, изјави напаѓачот.