Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ повторно е во фокусот на шпекулациите за трансфер, а најсериозен кандидат за неговото доведување сега се смета Манчестер јунајтед.
Летово, Влаховиќ практично беше отпишан од Јувентус откако одби да го продолжи договорот под пониска плата и ги одби понудите од Турција и Саудиска Арабија, што ја влоши неговата позиција во клубот. Според актуелниот договор, 25-годишниот напаѓач може да си замине како слободен агент на крајот на сезоната, но Јувентус би можел да заработи ако го продаде веќе во јануари.
„Газета дело Спорт“ наведува дека Манчестер јунајтед е најдобро поставен за потписот на Влаховиќ.
„Влаховиќ е поблиску до Јунајтед отколку до Челзи. Иако Сините од Лондон покажаа интерес, Црвените ѓаволи се фаворити. Прашање е само дали трансферот ќе се реализира во јануари или на крајот на сезоната“, објавува влијателниот италијански медиум.
Манчестер јунајтед, кој се наоѓа во криза со само седум бода и 14-то место во Премиер лигата, бара нови засилувања, и покрај летното пристигнување на Матеус Куња, Бењамин Шешко и Брајан Мбеумо.
За Влаховиќ е подготвена голема финансиска понуда, со седмична плата од 370.000 фунти, односно над 19 милиони фунти годишно.
Во моментов, Србинот е најплатен играч во Серија А со нето 12 милиони евра годишно.