18.8 C
Skopje
сабота, 27 септември 2025

Влаховиќ следното лето ќе го засили Баерн Минхен?

Душан Влаховиќ одлично ја стартуваше оваа сезона во дресот на Јувентус, но и понатаму се најавува негово заминување од гигантот од Торино.

Алегри го посакуваше Србинот на „Сан Сиро“, но трансферот не се реализираше. Диего Симеоне исто така го сакаше Влаховиќ во својот тим, но и од тоа не се изроди ништо.

Многу доверливиот германски „Билд“ тврди дека Влаховиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен.

Тој ќе пристигне во редовите на баварскиот гигант сосема бесплатно, бидејќи неговиот договор со Јувентус истекува на 1 јули 2026 година.

Влаховиќ пред Јувентус настапуваше за Фиорентина и за Партизан.

- Оглас -

Најнови вести