Душан Влаховиќ со интересна објава успеа да ја насмее твитер-заедницата откако одигра одличен меч за Фиорентина против Милан и својот идол Златан Ибрахимовиќ.
Српскиот репрезентативец објави фотографија како гледа во Златан, а средбата ја објасни на урнебесен начин.
„Најдете си некој да ве гледа како што јас го гледам Златан на фотографијава“, напиша офанзивецот на Фиорентина.
Виолетовите и со играч помалку успеаја да израмнат против Милан и да освојат бод, па Влаховиќ, секако, беше многу позадоволен од неговиот идол Златан Ибрахимовиќ.