10.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Влаховиќ утре на операција во Лондон

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ сериозно се повреди во саботата, во дуелот против Каљари, а италијанскиот весник „Газета дело спорт“ објави дека Србинот ќе биде опериран утре во Лондон.

Станува збор за повреда која за фудбалер, особено за напаѓач кој се потпира на сила и експлозивност, е речиси еквивалентна на фрактура. Времето за закрепнување се проценува на околу три месеца, но точната прогноза ќе биде можно да се даде по операцијата и рехабилитацијата.

Поради тоа, враќањето на Влаховиќ на теренот се очекува дури во март, што значи дека нема да може да биде продаден во зимскиот преоден рок, како што се шпекулираше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести