Никола Влашиќ по вторпат погодува пенал против П’лзењ, а вечерва тоа е првиот гол во петтото коло во Лигата на шампионите.
Хрватскиот репрезентативец беше прецизен во деветтата минута за ЦСКА Москва, а Русите водат со 1-0. Голема глупост направи Петржела, направи непотребен фаул во шеснаесетникот на П’лзењ, а Влашиќ со прецизен удар казни.
Интересно е што токму Хрватот ја спаси ЦСКА од пораз на првиот меч во групата меѓу овие два тима, а погоди од пенал во 95-тата минута, тогаш за 2-2.