Власта во Србија „удри“ по Новак Ѓоковиќ: „Дали тој уште плаќа данок во Монако“?

Новак Ѓоковиќ на „Вимблдон“ предизвика револуција со жестоката прослава и зборот „пумпање“, кој алудираше во контекстот на протестите во Србија, а српската власт и некои јавни личности одлучија да одговорат со целосен медиумски напад.

Се чини дека „режимот“ на Александар Вучиќ, преку свои блиски медиуми и јавни личности, започнал со кампања против најголемиот српски спортски амбасадор. Во јавниот простор се појавија критики од некои поранешни и сегашни политичари, аналитичари и водители, кои ги доведоа во прашање мотивите на Ѓоковиќ и неговата лојалност кон државата.

Зорана Михајловиќ беше меѓу првите кои реагираа, прашувајќи:

„Дали тој уште е даночен обврзник во Монако?“

Професорот Михајло Рабреновиќ додаде:

„Тоа што го кажува, одговара на страната на оние што прават насилство и борба против државата. Не може да биде патриот додека тоа го поддржува.“

Водителот Предраг Сарапа уште посилно ја изрази фрустрацијата.

„Таткото му е со СПС, братучед му со СНС, неговата сопруга го поддржува Ѓилас, тој навива за Звезда, детето за Партизан. Кој е всушност Новак?“

Реакциите се показател за широка поделеност во Србија. Некои сметаат дека Новак Ѓоковиќ има обврска да постапува како национален јунак, додека други го обвинуваат дека стои на страната која ја поткопува актуелната власт.

Во секој случај, ваквата јавна реторика покажува дека власта започна директна битка со Новак Ѓоковиќ, кој долго време беше неконтроверзен симбол на национално единство и успех.

- Оглас -

Најнови вести