Стадионот „Сан Паоло“ во Неапол, ќе се вика „Стадио комунале Диего Армандо Марадона“ (Градски стадион Диего Армандо Марадона), објави советникот за спорт на општина Неапол, Чиро Бориело. Новото име на стадионот ќе почне да се користи наскоро, откако ќе се завршат бирократските формалности околу преименувањето.
Инаку, екипата на Наполи на вечерашниот натпревар против Рома, ќе игра со специјално дизајнирани дресови во чест на аргентинската легенда. Дресот на Наполи ќе потсетува на дресот на аргентинската репрезентација. Марадона во Неапол го изедначуваат со Бог, тој на клубот му донесе титули во Серија А, а победите на тимот од сиромашниот јужен дел на Италија за нив значеа и големи победи против богатиот север.