Влезе како резерва и за 19 секунди даде гол за победа над Рома (Видео)

Аталанта покажува дека не случајно сезонава е дел од осминафиналето во Лигата на шампиони. Тимот од Бергамо како дебитант во елитната лига на УЕФА, блеска како на европска, така и на домашната сцена. Во дербито на 24. коло, Аталанта со 2:1 ја победи Рома, во меч на две екипи кои се борат за освојување на четвртото место во Серија А.

Победата на домаќините е уште позначајна, ако се знае дека ја извојуваа со пресврт во второто полувреме. Рома поведе со голот на Един Џеко во 45 минута, но Аталанта не се предаде. На почетокот на вториот дел, односно во 50 минута, Паломбо израмни на 1:1, а потоа беше направен потегот на мечот.

Домашниот тренер Гасперини, во игра го внесе Марио Пашалиќ. Само 19 секунди откако влезе на теренот, хрватскиот интернационалец постигна прекрасен гол за водство на Аталанта од 2:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат. Погодокот на Пашалиќ беше најбрз гол во последните пет години во Серија А, постигнат од еден играч кој влегува на теренот од клупата за резерви.

Со овој триумф, Аталанта се зацврсти на четвртото место на табелата со 45 бодови, додека Рома остана петта со 39 бодови.

https://youtu.be/RZ4zFV1Ka0w

 

- Оглас -

Најнови вести