Барселона и во вториот овосезонски меч на „Камп ноу“ реализира пет погодоци исто како во дуелот со Реал Бетис, а вечерва настрада Валенсија во триумфот на Каталонците од 5-2. Избраниците на Ернесто Валверде влегоа со голема самодоверба знаејќи дека ова е дерби на колото, па одлучија да го покажат сиот квалитет против Лилјаците и покрај тоа што Лео Меси уште не е во комбинација за настап.
Првото полувреме го одбележа супер-талентираниот Ансумане Фати, кој прво реализираше во третата минута, а набрзо потоа му намести погодок на Де Јонг, па така Барса за помалку од 10 минути дојде до сигурни 2-0. Гамеиро за момент ги врати во живот гостите за 2-1 по половина час игра.
Само што почна вториот дел, шпанскиот првак бараше погодок со кој ќе ги реши дилемите, а испорача Пике во 52-та минута. Како да не беше доволно, Валверде му даде прилика на Суарес да се загрее по повредата,а Уругваецот одговори со два одлични погодоци во 61-та и 82-та минута за убедливи 5-1. Во судиското надополнување Макси Гомес ја отвори својата сметка во новиот клуб за конечни 5-2.
https://twitter.com/bilalyariga12/status/1172968996108492800
https://twitter.com/bilalyariga12/status/1172974202623844353