Влезе во игра за да му помогне на својот тим, а доби црвен картон за неполни 60 секунди (Видео)

Екипата на Сент Џонстон не успеа да се пласира во групната фаза од Конференциската лига откако дома загуби со 0:2 од ЛАСК. На првиот меч, шкотскиот тим на гости одигра 1:1 и дома требаше да слави за да оди понатаму, но гостите први дадоа гол.

При резултат 0:1, во 75-тата минута во игра кај Сент Џонстон влезе Давид Вотерспун со цел да им помогне на домаќините да израмнат. Сепак, нецела минута откако се најде на теренот, Вотерспун мораше да излезе поради добиениот директен црвен картон.

Играчот на домаќините со лакт намерно го удри Флоријан Фекер, а судијата воопшто не се двоумеше да му покаже директен црвен картон. Во продолжение на дуелот, Сент Џонстон остана и со уште еден играч помалку по црвениот картон на Шон Руни, па гостите тоа го искористија и постигнаа втор гол за радост на крајот и пласман во групната фаза од УЕФА натпреварувањето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести