Влезе во игра, му даде гол на Јувентус и беше заменет, a сето тоа за само 7 минути! (Видео)

Андреа Фавили го шокираше Јувентус на стадионот во Торино со голот по точно еден час игра на стадионот на италијанскиот шампион. Фавали во игра влезе во 55 минута, а успеа да погоди само пет минути подоцна. Две минути откако го даде голот, Фавали мораше да го напушти теренот поради повреда, односно во 62 минута.

Во италијанската Серија А, цели 25 години не се случило играч кој влегол како резерва, за помалку од 10 минути да постигне гол, а потоа и да го напушти теренот.

Jувентус брзо возврати и преку Дејан Кулушевски израмни на 1:1 во 77 минута.

 

 

- Оглас -

Најнови вести