Со погодокот од пенал во победата од 2-1 над Брајтон, Хари Кејн го запиша 149-тиот погодок во Премиер лигата, со кој се израмни со Ленс Фердинанд на вечната листа стрелци на 10-тото место.
Голгетерот на Петлите се најде во елитното друштво Алан Ширер, Вејн Руни и останатите легенди на англискиот фудбал, но она што го промаши во 70-тата минута, може да се прогласи за промашување на годината.
По еден корнер за домаќините, топката ги прелета речиси сите играчи и стигна до Кејн на подалечната страна, овој ја прими и наместо да зголеми на 2-1, од два метри погоди во дирекот. Среќа што Бејл подоцна го реши мечот, па Кејн не ќе мора многу да жали за катастрофалното промашување.