Влезниците за историскиот меч на Македонија се продавале на црно и до 500 евра

Ракометната репрезентација на Македонија ги брои последните минути пред историскиот натпревар на Европското првенство во Германија, а фановите не штеделе пари за да бидаст присутни на „Меркур Шпил арена“ во Дизелдорф.

Македонија од 18 часот ќе игра против Франција, а на трибините ќе има најмалку 53.000 гледачи, што ќе претставува најголема посета во историјата на еден ракометен натпревар.

Билетите за отворањето на ЕП и дуелите Македонија – Франција и Германија – Швајцарија, на црно се продавале и за 450 до 500 евра.

Билетите за натпреварите во Дизелдорф се продаваа онлајн и одамна беа разграбани од навивачите кои сакаа да бидат дел од историја.

- Оглас -

Најнови вести