Влхова повторно ја победи Шифрин во слалом

Словачката скијачка Петра Влхова вечерва триумираше на слаломската трка во Флахау. Таа беше убедливо најбрза во првото возење, а потоа во второто успеа да ја зачува предноста пред конкурентките. Втора е Ана Свен Ларсон со 10 стотинки послабо време, додека само трета беше Микаела Шифрин со заостанување од 43 стотинки.

Американката Шифрин за првпат по 2014 година загуби два слаломи по ред во иста сезона, се наоѓа во мала криза во формата, но остана водечка и во слалом и во генералниот пласман. Влхова победи и на слаломот во Загреб пред десет дена.

Следниот слалом за жени е во Марибор на 16 февруари во Марибор, додека во претстојниот викенд ќе се вози велеслалом во Сестриере.

- Оглас -

Најнови вести