Њукасл одигра нерешено 1:1 против Вест хем и тоа на гости во Лондон, во првиот меч од 26. коло во Премиер лигата. Вест хем се бори за место кое води во Лигата на шампиони, додека Њукасл полека бега од зоната за испаѓање.
Свраките од неодамна добија нов газда и станаа најбогатиот клуб во светот. Во екипата беа вложени 100 милиони евра за нови засилувања во зимскиот преоден рок, а резултатите веднаш се видливи.
Њукасл е во серија од шест меча без пораз (три победи и три нерешени), па сега има 22 бодови, дури пет повеќе од Норвич кој е во зоната за испаѓање.