22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Охридска идила: Вложи 10 евра, а гол во 90+12 минута му донесе 200.000 денари!

Дека среќата игра голема улога во обидот да се направи добитен тикет, покажува и тикетот уплатен во Охрид. Со уплата од 600 денари на 10 одиграни мечеви вкупната добивка изнесува 201.777 денари.

На тикетот има мечеви од петокот и саботата, од кои два се од кошаркарското Европско првенство. Грција ја победи Хрватска откако на полувреме водеше убедливо, а Италија без проблеми со 21 поен разлика славеше над Естонија.

Од фудбалскиот дел, Реал Мадрид ги даде потребните два гола против Бетис, иако претходно пет години Кралевите немаа погодено против овој ривал на „Сантијаго Бернабеу“. Со комбинација домаќините да дадат барем еден гол во прво полувреме, а на крајот да имаат барем два погодоци, успешни беа и Олимпик Лион, Динамо Загреб, Дери сити и Клуб Бриж.

Од сите мечеви најдраматично беше на Бенфика – Визела. Тука требаше домаќинот да победи, а во двете полувремиња да има барем по еден гол. Изненадување беше тоа што на полувремето водеа гостите со 1:0, но Бенфика на крајот направи пресврт. Погодокот за победа домаќините го постигнаа дури во 12-тата минута од судиското надополнување, и тоа од пенал, за триумф од 2:1 и добитен тикет од над 200.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести