Изминатиов викенд беше посебно бериќетен за еден обложувач од Битола. Тој одиграл на 13 меча и успеал да направи добитна комбинација со вкупен коефициент од 722, па со вложени 195 денари, вкупната нето-добивка е 119.756 денари.
Тактиката најчесто е да се одигра на голови. На шест меча е одиграно да има три или повеќе голови, додека пет дуели се одиграни на тактиката двата тима да постигнат барем по еден погодок. Само еден меч е одигран на „фикс“, и тоа на кец за победа на АИК против Дегерфорс. Тимот од Стокхолм на крајот победи убедливо со 3:0.