Вмешаа прсти Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид, па трансферот на Фофана во Милан е пред пропаѓање

Трансферот на играчот од средниот ред на Монако, Јусуф Фофана, во Милан е пред пропаѓање, бидејќи неговиот клуб нагло ја зголемил цената на фудбалерот, јавува „Скај Спорт Италија“.

Претходно „Газета дело Спорт“ објави дека двата клуба се блиску до договор за францускиот репрезентативец за сума од 14 милиони евра, плус бонуси. 25-годишниот фудбалер веќе некое време има договор за личните услови со Милан.


Сепак, во последните денови Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид исто така покажале интерес, што го натерало Монако да ја зголеми цената на Фофана на 35 милиони евра, иако договорот на играчот истекува следната година. Ова може да ги принуди Росонерите да се свртат кон други опции на таа позиција, како слободниот агент Адриен Рабио или Ричард Риос од Палмеирас.

Сепак, има и добри вести за Милан, поврзани со други нивни трансферни цели. Клубот се приближува до доведувањето на дефанзивците Страхиња Павловиќ од Салцбург и Емерсон Ројал од Тотенхем.

Миланскиот гигант исто така работи на трансферот на играчот од средниот ред Лазар Самарџиќ, за кого Удинезе бара 25 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести