36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Внимание: Одиграјте ги резервните парови, и тие се во игра за Среќна 13-ка во ова коло!

Останува само уште еден ден да типувате ако досега го немате направено тоа во 18-тото коло на Спортска прогноза. Минатото коло мобилниот телефон „ајфон 12“ не беше доделен само поради еден промашен пенал, што е најава дека прогнозерите се во одлична форма во борбата за добивање Среќна 13-ка.

Во ова коло има неколку интересни мечеви, а драмата може да се случи на крајот, кога во недела, од 20:45 часот, на „Сан Сиро“ ќе играат Милан и Наполи. Двата тима киксираа во минатото коло, па сега заостануваат зад лидерот Интер.

Според досега направените прогнози, над 44 отсто веруваат дека Милан ќе победи, 37 отсто се за нерешено, а само 19 отсто веруваат во триумф на Наполи.

Во ова коло е многу важно да се одиграат и резервните парови затоа што тие ќе влезат во конкуренција за бодови за Среќна 13-ка. Англиските дуели меѓу Саутхемптон – Брентфорд и Ватфорд – Кристал палас, кои требаше да се играат утре, се откажани поради заразени фудбалери.

Токму затоа „во игра“ влегуваат резрвните парови, а тоа се Ајнтрахт – Мајнц и Атлетик Билбао – Бетис.

Ова е и последното коло од првиот дел од сезоната на Спортска прогноза, а возбудувањата ќе продолжат во јануари.

- Оглас -

Најнови вести