Внимателно со Шпанците, екипите што се борат за опстанок се опасни

1006 Тотенхем – Арсенал (20.45 часот)

Дербито на Северен Лондон овојпат има посебен шарм бидејќи тимовите се директни конкуренти за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите. Арсенал со победа ќе ја осигури четвртата позиција, но победа на непредвидливиот Тотенхем ќе внесе дополнителна драма пред последните две кола. Топчиите имаат серија од четири победи по ред, а на сите тие мечеви Арсенал и примаше гол, освен што даваше два или повеќе. Арсенал има само три ремија со 35 кола, а Тотенхем дома не играл нерешено уште од декември. Арсенал осум години не победил на лигашко гостување кај лутиот ривал.

Предлог тип: ГГ (1.57)

 

1308 Реал Сосиедад – Кадис (19.00 часот)

Ова е многу важен меч за двата тима. Домашните се борат за место кое води во Европа, но во лоша форма се, освоија само два бода во последните четири кола. На Кадис му гори под нозе, се бори за опстанок во шпанската Примера. Кадис доби два од последните четири меча и тоа е потврда дека со сите сили се бори да остане во елитата. Сосиедад има неколку повредени играчи, меѓу кои и Ојарзабал, Монреал и Баренечеа. Кадис никогаш не победил во Сан Себастијан, но вечерва тие ќе бидат помотивирани и може да изненадат.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.95)

 

1309 Рајо Валјекано – Вилјареал (20.00 часот)

Рајо обезбеди опстанок и поопуштено влегува во финишот на сезоната. Вилјареал, кој играше полуфинале во ЛШ, сега посакува пласман барем во Лигата на Европа, но загрозена му е позицијата дури и во Конференциската лига. Жолтата подморница сезонава даде 20 гола повеќе од Рајо и тоа треба да биде нивна предност вечерва, покрај мотивацијата. Рајо, кој есеноска газеше на свој терен, сега дома нема ниту една лигашка победа во 2022 година.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.90)

 

1310 Реал Мадрид – Леванте (21.30 часот)

Реал ја обезбеди титулата и не е премногу заинтересиран за мечевите од лигата, се чуваат силите за финалето во ЛШ, но Анчелоти иако ги ротира, сака сите клучни играчи да бидат во натпреварувачка форма, иако ретко кој од нив ќе игра по 90 минути. Леванте мора да победи ако сака да опстане, но тоа нема да биде лесно освен ако противникот не им дозволи, како во минатата сезона, кога Леванте славеше во Мадрид. Реал е најефикасен тим во Лигата, а Леванте е тим со најслаба одбрана.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.64)

 

2503 Викинг – Стромсгодсет (19.00 часот)

По шест кола во норвешката лига, Викинг е прв на табелата со пет победи и еден пораз, додека Стромсгодсет е 13-ти од 16-тина со две победи и три порази. Тешко дека ќе го одиграат првиот нерешен исход сезонава, Викинзите се фаворити. Викинг даде 14 гола на 6 меча. Викинг е опасен домаќин, нема пораз на свој терен од октомври наваму, но на последните два домашни дуели со Стромсгодсет резултатот беше нерешен.

Предлог тип: 1-1 (2.14)

- Оглас -

Најнови вести